|
Големото прашање е: Дали може да се направи вистинска луксузна лимузина од еден евтин автомобил? Одоговорт го дава една непозната група луѓе во Романија која готви нешто толку ексклузивно.

Проектот не е имагинарен, туку реалност и е во фаза на изработка. Станува збор за лимузина која е создадена на основата на Dacia Logan MCV објавува интернет страницата на романскиот клуб на Dacia.
За изработка на лимузината која во должина мери 8 метри се искористени две каросерии на Logan MCV. Од едната каросерија е направена предната половина на лимузината, а од втората каросерија задната половина.
Од цртежот направен во програмата за компјутерски дизајн CAD моќе да се заклучи дека внатре лимузината ќе биде уредена како подвижна канцеларија со четири места за седење и со можност за преклопување на потпирачите на седиштата кои би послужиле како маса.
Лимузината обезбедува огромен багажен простор кон кого ќе може да се пристапи и од подвижната канцеларија, додека возачот и совозачот се одделени со физичка преграда како во комби.
Подетални информации за оваа „револуционерна" лимузина од Dacia Logan MCV нема. Не е јасно кој и за кого ја изработува и каква ќе и биде намената.
Одговорните од Dacia се информирани за проектот, но се оградуваат од него и изјавуваат дека производителот нема никакви планови да прави лимузина посебно не лимузина која би била поставена на основата на Logan или на Sandero.
|