|
19.05.2009 |
Opel сеуште нема нов сопственик. Сепак, според цитатот на
човек близок до Мagna Steyr објавен во германскиот весник Welt am Sonntag се чини
дека и тоа наскоро ќе се случи.
Според него австриската мултинационална компанија со свои
операции и во Канада, Magna Steyr, ќе ја добие битката со Fiat во придобивање на Opel.
Доколку навистина се случи ова и Magna го добие
контролниот пакет на акции од Opel и од Vauxhall од кои се откажува General Motors, голема е
веројатноста погоните за производство на автомобили на Opel и на Vauxhall да бидат
дадени на други автомобилски компании.
Претпоставките се дека во тој случај најверојатно во
погоните на Оpel ќе се произведуваат модели на Ford и на Peugeot. Во
весникот дополнително се наведува дека погоните на Opel во
Германија нема да се затвораат.
Но, затоа пак, од лентите во погоните во Антверпен,
Белгија и Лутон Англија ќе престанат да се симнуваат возила со знакот на Opel и на Vauxhall.
|