|
12.05.2009 |
Откако Fiat и Chrysler се договорија за формирање на алијанса стигнува
информацијата дека извршниот директор на Fiat, Серџио
Маркионе ќе го води и Chrysler во годините што доѓаат.
Во известието што стигнува директно од Fiat, Маркионе не ја
напушта својата позиција во Fiat. Имено по формирањето на алијансата Maркионе ќе
ја игра улогата на извршен директор и на двете автомобилски марки.
Маркионе заедно со бордот на директори во Fiat и со работната
група која ја формираше претседателот Обама за Chrysler,
ќе ги одберат луѓето што ќе го формираат новиот борд на директори на Chrysler.
Идејата е новиот борд на директори по формирањето да
одлучи кој ќе биде следниот извршен директор на Chrysler. Но,
гласноговорникот на Fiat веќе најави дека токму Маркионе ќе стои на чело на Chrysler.
„Маркионе ќе биде новиот шеф на Chrysler по
завршувањето на процедурата околу формирањето на алијансата,” изјави портпаролот
на Fiat. Ова значи дека Маркионе ќе има
слична улога како Карлос Гон во алијансата на Renault-Nissan.
Но, од Fiat најавуваат дека процесот на формирање на бордот на
директори на Chrysler ќе биде сложен поради многу страни инволвирани во соптвеноста
на компанијата меѓу кои е и UAW – United Auto Workers или синдикат на работниците
од автомобилската индустрија.
|