Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Megane RS за француските жандарми
18.10.2010

Француската жандармерија одлучи да го обнови својот возен парк во делот кој се однесува на возилата за посебни намени. Па така од крајот на годината дел од жандармите ќе го возат жешкиот Megane RS.

renault-megane-rs-pateka-2010-1

Според весникот La Parisien новите улични тркачи кои доаѓаат од Renault треба да заменат две третини од посебниот возен парк кого го сочинуваат поеднакво жешките верзии на Subaru Impreza WRX.

Таму се вели дека одговорните за возниот парк на жандармеријата пресметале дека ремонтот на постоечките примероци на Impreza WRX би чинел многу пари и дека за таа цена старите возила можат да се заменат со нови Megane RS.

Жандармите ќе ја добијат Cup верзијата на Megane RS која има постегнато подвозје во споредба со обичниот Megane RS, плус има самоблокирачки диференцијал и леснометални бандажи до 18 инчи.

Нервозниот хебек под хауба го пакува истио 2.0 литарскит турбо бензиенц со 250 КС без дополнително подигнување на моќноста. Но, затоа секој од автомобилите ќе носи посебна опрема потребна за спроведување на редовните активности на припадниците на жандармеријата.

Тоа значи дека покрај вообичаената звучна и светлосна сигнализација автомобилите ќе бидат опремени и со посебен компјутер врзан со базата на податоци и други додатоци од оперативна природа.

Информациите велат дека еден вака подготвен Megane RS ќе чини 30.000 евра. Примерот може да го искористи и нашата полиција и конечно да се откачи од енормните трошачи и скапџии за одржување популарните „Крајслери”.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook