Токму така. Се работи за логичен след на настаните откако
законодавците одлучија да воведат строги регулативи против емисијата на издувни
гасови за нови автомобили.
Поради ваквиот развој на еколошката свест, производителите
од оние на конфекциски автомобили, па се до марките како Mercedes па дури и Porsche,
Ferrari и Lamborghini, почнаа да
разработуваат нови методи кои ќе придонесат за почисти автомобили, а воедно ќе
се спасат и од драконските казни кои ќе уследат по имплементирањето на овие строги
еколошки закони.
Оттука станува јасен трендот за смалување на моторите,
односно смалување на зафатнината и на бројот на цилиндри. Па така повеќето
производители од големите V8 се
префрлаат на V6, а оние
пак со V6 се префрлаат
на линиски четирицилиндарци. Зафатнината се компензира со вградување на
механички компресори или турбо полначи или и двата заедно како што е примерот
на 1.4 литарецот а Volkswagen.
Mercedes развива
нови технологии за да ја зголеми моќноста на своите четирицилиндарци една од последните новини е развојот на
моторите Diesotto.
Шефот за развој на Mercedes, Томас Вебер очекува трендот кон
смалување на моторите да продолжи да расте посебно со наглото зголемување на
цената на нафтата. Вебер исто така потврдува дека во Mercedes ќе го
забрзат процесот на кј води кон смалување на моторите како кај бензинците така
и кај дизелите.
Тој исто така тврди дека дојден е моментот кога трендот
на развој на поголеми и помоќни мотори од минатата декада ќе биде нагло прекинат.
Ова е смел заклучок на човек чива компанија вградува V8 во безмалку целата своја понуда на
модели. Секако ова безмалку се однесува само на Класа А и на Класа В.
Вебер открива дека еден од првите чекори што ќе ги
превзеде развојниот тим на Mercedes е вградување
на моторите од Класа А и Калса В во поголемата Класа С. После тоа на ред е
развојот на три цилиндрични турбо мотори со зафатнина од 1.4 и 1.6 литри.
Звучи чудно, но станува збор за реална можност, а се
претпоставува дека доколку Mercedes
го направи овој чекор набрзо истото ќе го направат и останатите
производители на луксузни автомобили.
Пред се во приказната се вклопува BMW поради договорот
со Mercedes за зеднички
развој на мотори.
|