Концептот Ra на Mitsubishi
личи на уметничка интерпретација на идниот Eclipse иако од
напред и одзади се препознаваат дизајнерски елементи на десетата генерација на Lancer
Evolution.
Сепак, не станува збор за некое ново купе со погон на
предни тркала на какви навикнавме да доаѓаат од Mitsubishi, туку се
работи за нешто сосема друго.
Погонот доаѓа од чист дизел, а моќност до подлогата се
пренесува преку погон на четири тркала наречен Super All-wheel
Control (S-AWC) истиот што го користи Lancer
Evolution. Менувањето на степените оди преку новиот менувач со две
спојки SST кој сеуште не влегол во производство, а како дополна
доаѓаат и останатите сите технолошки добра на Mitsubishi, Active
Yaw Control и Sport ABS.
Но, вистинската ѕвезда во Ra е новиот
ултра ефикасен четири цилиндричен дизел со турбо и со познатата варијабилна
конторола на вентилите MIVEC, главен виновник за ниска емисија на издувни гасови.
Моторот очарува со својата снага. Станува забор за максимални
201 коњски сили и вртежен момент од мрсни 420 Nm.
Катализаторот ги прочистува издувните гасови во три фази. Прво минуваат низ
оксидациски катализатор или Diesel Oxydation Catalyst (DOC), потоа низ
заробувачот на чтетните азотни оксиди или NOx trap
Catalyst (NTC) и на крај низ филтерот за честички чад.
Структурата на шасијата, која најверојанто нема да се оди
во сериско производство од практични причини и поради заштеда на трошоци дури и
ако концептот добие зелено светло, се состои од просторна алуминиумска рамка
направена од носачи добиени со обликување со влечење и со леење, врз која се
прицврстени панелите на каросеријата направени од пластика која е добиена со
рециклирање и е отпорна на свиткување.
И шасијата и каросеријата овозможуваат автомобилот да ги
помине строгите краш тестови и да обезбеди простор за преживување на патниците
без оглед дали се работи за удар на паркинг или за сериозна сообраќајна несреќа
на на пат.
|