Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Монтеземоло се кандидира за претседател
26.12.2011

Дамнешната желба да влезе во политиката конечно му се оствари. Претседателот на Ferrari преку писмо до јавноста потврди дека ќе се кандидира на претседателските избори кои ќе се одржат за две години.

montezemolo-pres-1-2011-1

Претходно, Монтеземоло се споменуваше во многу шпекулации како човекот кој сака да го замени Силвио Берлускони на премиерското место во Италија. Конечно, по неколку години, претседателот на италијанскиот тим „дочека“ да се кандидира за поважна функција, во овој случај претседател на државата.

„Втората република пропадна. Потребни ни се нови лица и нови идеи, а следните избори ќе бидат од големо значење.“ - гласи дел од писмото до јавноста на Монтеземоло.

Претседателот на Ferrari ќе биде претставник на асоцијацијата „Италија Футура“ која што е заснована за промовирање на јавна дебата помеѓу граѓаните и политичарите. Она што е интересно е што Монтеземоло на крајот на писмото се потпишал како „иден претсетедал на Италија“, убеден во својата победа во 2013.

Дали претседателот на Ferrari може да ја смени претседателската фотеља во Маранело со онаа во Рим?

Превземено од: pitstop.com.mk!

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook