Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
На папата му прети глоба
29.11.2011

Поглаварот на римокатоличката црква папата Бенедикт XVI е на пат да заработи глоба со сериозна сума од 2.500 евра бидејќи при возењето во својот Папамобил немал ставено безбедносен ремен.

papamobil-aktuelen-1-2011-1

Ова го тврди Германец кој сакал да остане анонимен, но не останал само на своето запазување. Имено жителот на Дортмунд поднел жалба до полицијата тврдејќи дека папата се возел без ремен.

Според него тој го загрозувал како својот живот, така и животат на граѓаните кои дошле да го посетат, а воедно оставал и лош пример. Целата работа стигнала до адвокатската комора од каде се потврдуваат обвинувањата.

Папата при посетата на градот Фрајбург во Германија цел час се возел без ремен и заради тоа комората ќе поденсе тужба. Германските судски органи сеуште го разгледуваат случајот.

Тие сеуште се внимателни бидејќи немаат одлучено дали папата ќе се третира како редовен граѓанин на Германија, или како жител на Ватикан со дипломатски имунитет.

Како и да е доколку биде прозван за виновен ќе плати казна од 2.500 евра. Најмногу заради тоа што возилото на папата е опремено со безбедносни ремени и се смета за едно од најсигурните превозни средства на планетата.

Секако додека не пристигне новиот папамобил кој ќе му го земе приматот на актуелниот.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook