Познатата компанија специјализирана за трансмисија Xtrak, која ја
доби довербата за развој на менувач за Ф1 за враќање на енергијата се закити со
награда - Најиновативен нов продукт во мотоспоротот.
Наградата ја заслужи за развојот на врвен менувач за
тркчките автомобили кои се натпреваруваат во Светскиот шампионат на
модификувани сериски автомобили WTCC и останатите
шампионати со модификувани сериски автомобили, што претставува еден вид
пионерски чекор во оваа област.
Единствените можности на менувачот на Xtrak ги потврди
жирито составено од врвни инженери во мотоспортот кои од вкупно 23 понудени
инженерски потфати ја доделија наградата на иновативната менувачка кутија со
кодна ознака 516.
„Жирито оцени дека Xtrak недвојбено
ја исполнил зацртаната цел да направи издржлив, лесен и евтин високо
перфромансен менувач за модификуваните сериски тркачи,” изјави Вилијам Кимберли
уредник на магазините Bernoulli и Race Tech.
Големото искуство во произодство на менувачи за Формула 1
му овозможи на Xtrak тежината на менувачот да ја сведе на минимум исто како и
неговата маса и инерцијалните сили што се јавуваат внатре.
Посебно внимание е посветено на подобрување на брзината
на менување на степените и чувството при менување, како и на перформансите на
диференцијалот.
Xtrak сеуште работи на развојот на континуирано варијабилен
менувач - Continuosly Variable Transmission (CVT) - кој ќе
биде споен со системот за враѓање на кинетичката енергија – kinetic
energy recovery system (KERS) - преку замаецот, а според новите правила ќе биде воведен
во Фромаул1 во 2009.
Интересно е што системот ги заскокотка автомобилските
инженери ширум светот за користење на истиот систем во сериските возила за
радикално смалување на емисијата на СО2.
|