|
Шефот на Hyundai Motor America, Џон Кравчик во едно свое излагање ја погоди најболната точка на американците изјавувајќи дека Hyundai е поамериканска марка дури и од националната гордост Ford.

Кравчик сосема логично ги поставува работите истакнувајќи дека најпродаваниот модел на Ford во САД се произведува во Мексико, додека најпродаваниот модел на Hyundai во САД се произведува токму во САД.
Па оттука и прашањето на Кравчик „Кој од двата мoдели е поамерикански”?
Според CNN кој го цитира Кравчик в година дури 80% од моделите на Hyundai кои ќе се продаваат на пазарот во САД ќе бидат произведени во фабриките на корејскиот производител изградени во Соединетите Американски Држави.
Се очекува следната 2011 производството на новата Hyundai Elantra да биде преместено во фабриките на Hyundai Motor America во САД. Па така трите најпопуларни модели на Hyundai во САД: Sonata, Santa Fe и Elantra ќе се произведуваат во американските сојузни држави.
„Ние сакаме нашите најпоплурани модели да ги произведуваме тука во САД,” изјавува Крвчик и дополнува „, а Ford го произведува својот најпопуларен модел во Мекиско”.
Ford, Chrysler и General Motors недаваат точни бројки колкав процент од нивните најпопуларни модели на пазарот во САД се произведуваат во домашните фабрики, но се претпоставува дека тој процент не е поголем од 60%.
Познавачи на проблематиката наведуваат дека американските производители своите возила ги склопуваат во фабрики изградени на територијата на Северна Америка, но ова се однесува и на Канада и на Мексико, а не на САД.
Точно е дека поголемиот дел од деловите за склопување на возилата доаѓа од кооперанти во САД, коментираат познавачите, но исто така е точно дека финалниот производ не настанува во САД, туку во други држави.
|