Како што пишувавме минатата седмица автомобилите што нема
да ја задоволат новата граница на ЕУ за ниво на издувни гасови од максимални
130 g/km јаглероден диоксид ќе плаќаат казни.
Иако овој вид на ограничување и казнување не е ништо ново
за некои останати гранки на тешката индустрија кои веќе подолго време се
казнуваат за надминувањето на дозолената емисја на СО2, сепак за
производителите на автомобили е ново посебно поради висината на казните.
Настарана од претпоставките сега Европската комисија
одреди прецизно колкави ќе бидат казните за надминување на дозволената емисија
на СО2. Значи станува збор за казни од 20 кои ќе почнат да се воведуваат во
2012, а истите ќе нараснат до 95 евра до 2016 за секој грам надвор од
дозволениот лимит од 130 g/km СО2.
На прв поглед се чини дека казните и не се толку високи,
но ако се земе пример за автомобил кој ја надминува границата за 30 g/km, тоа значи
дека во 2012 тој автомобил ќе го чини производителот плус 600 евра, а во 2016
плус 2850 евра. Кога вака ќе се разгледаат работите и незвучи толку невино
нели?
Е сега кога сето тоа ќе се помножи со илјадници или
стотици илјади автомобили многу лесно казните ќе ја надмината сумата од
милијарда евра годишно по производител. И што е највпечатливо сите тие пари ќе
дојдат од џебот на купувачите, бидејќи производителите сигурни сме дека нема да
се откажат од својот профит.
Ако се оди понатаму се доаѓа до костатација дека
Европската комисија најмногу удира по производителите на автомобили, бидејќи
ако се земе пример од индустријата за производство на челик кој плаќа пенали од
20 евра по тон СО2 испуштен во воздухот, тогаш се доаѓа до заклучок дека
автомобилската индустрија ќе плаќа пенали од 500 евра по тон СО2.
Но, она што највеќе пречи во сета оваа работа е времната
рамка за достигнување на барањата на Европската комисија. Имено производителите
во Европа имаат само пет години да ја достигнат најавената граница, односно да
ја спуштат емисијата на јаглероден диоксид од целата гама на возила за 20
проценти годишно. Ваквиот начин на најувавање на драконски мерки во толку мал
временски период значи дека доколку предлогот помине европските производители
спремно ќе го дочекаат со неколку мали исклучоци и дека европските автомобили
ќе станат премногу скапи.
Факт е дека европјаните веќе плаќаат премногу за своите
автомобили во споредба со американците и азијците. Тоа може да се потврди со
наједноставно споредување на цените, а овој предлог дополнително ќе им ја
отежне конкурентноста на глобалниот пазар бидејќи автомобилите произведени
надвор од Европа ќе бидат значително поевтини.
Она што буди најмногу сомнежи во врска со предлогот на
Европската комисија е дека тој за жал нема многу да и помогне на животната
средина, ако и воопшто и успее помогне. За тоа говорат и рекациите на групите
за заштита на животната средина и од производителите на автомобили кои се
крајно негативни. Дури и Greenpeace смета дека ваквиот закон би имал
спротивен ефект и би го отворил патот за возила со висока потрошувачка.
Од сета оваа мешаница се чини дека на портпаролот на PSA Peugeot
и Citroen му успеа најдобро да го објасни она што се обидуваат да
го направата претставиниците на Европската комисија. Тој меѓу другото изјави
дека: „ваквите планови се антиеколошки, антисоцијални, антиекономски и
антикомпетитивни во споредба со производителите на автомобили надвор од
Европа.”
Значи, Европската комисија цели во празно, а доколку
законот биде изгласан повеќе ќе наштети отколку што ќе им помогне на
европјаните, бклучувајќи не и нас македонците.
|