Полицијата во Велика Британија неодамна го откри
најбрзиот сериски немодификуван Lotus Elise, откако на радар
го фати возачот Текс Орајли како вози со брзина од 279 km/h.
Брзината со која е фатен возачот во Lotus Elise е за три и
половина пати поголема од ограничувањето на патната делница на која се случил
сообрќајниот прекршок.
Како контрадикторност која не оди во прилог на
сообраќајната полиција е фактот дека серискиот Lotus Elise има
максимална брзина од 205 km/h како што наведуваат фабричките податоци.
Без олгед на се полицијата тврди дека нивните мерни
инструменти биле исправни, редовно одржувани и баждарени според пропишаните
услови и дека покажаната вредност не е предмет на теорија, туку чиста физика.
Од изјавата на полициската служба во Дербишир, Британија
неможе да се дознае дали автoмобилот подоцна бил подвргнат на вонреден технички
преглед околу утврдување дали навистина се работи за сериска немодификувана
верзија на Lotus Elise или Орајли сепак, плеткал околу моторот.
Затоа пак се наведува дека Орајли на советување од страна
на својот адвокат признал дека возел побрзо од дозволеното, но со брзина од 170
km/h, не со брзината наведена во полицискиот извештај.
Така заработил само парична казна и се извлекол од казна
затвор во време траење од дури три години, бидејќи според наодот на лице место
возел 279 km/h во зона во која има ограничување на брзината од 80 km/h.
Доколку полицијата навистина успеала да го фати Текс со
брзина од 279 km/h во неговиот Lotus Elise, тогаш тој е
новиот носител на брзински рекорд официјално забележан од страна на полицијата
во Британија.
До сега рекордот му припаѓаше на 33 годишниот Тимоти
Бреди кого полицијата го улови минатата година како бришка во украден Porsche
911 Turbo со 277 km/h.
Сега Бреди мора да се прости од рекордот и да му ја
признае виртуозноста на својот колега по брзо возење Орајли и неговиот Lotus Elise.
|