Get Adobe Flash player
Најбрзата амфибија на светот
05.10.2009
python-amfibia-1.jpgПитон или Python како што гласи оригиналното име на англиски јазик е најбрзиот водоземец на светот, поточно амфибија која ја изработува американската специјализирана компанија WaterCar.

Исклучителната брзина се должи на одличниот V8 на Corvette ZR1 кој благодарение на модификациите со вградување на механички компресор успева да ослободи 640 КС од 6.2 литри зафатнина.

Моторот е поставен во каросерија чив под е обликуван како труп од глисер надграден со кабриолет чив дизајн е микс на теренец со задник земен на заем од Corvette и внатрешност која исто така претставува микс на автомобил и глисер.

За погонот во вода во WaterCar се одлучиле за систем Jet Drive или воден млазник кој е далеку поефикасен од класичната погонска нога со елиса и нуди подобри пловни карактеристики посебно кога се во прашање маневрите.

Phyton кој тежи 1.725 килограми може да се пофали со пристојни перформанси како спринт до 100 km/h на суво за 4,5 секунди и максимална брзина исто така на суво од 160 km/h.

На вода приказната е поинаква. Phyton може да глисира со максимална брзина од преку 100 km/h која на вода е импресивен резултат.

Материјалите од кои е изработен Phyton се последниот збор во технологијата на развој на материјали и можат да ги издржат дури и најтешките услови на вода. Додека рачната изработка при која се посветува многу внимание на секој детал кажува дека среќниот сопственик добива амфибија со исклучителен квалитет.

Процедурата на престорување од автомобил во чамец е куса и едноставна. Се што треба да направи возачот е да префрли во лер, да го вклучи млазникот за вода и да притисне на копче кое ја активира хидрауликата што ги подига тркалата и ги вовлекува под крилата.

Тогаш возачот станува скипер кој команда со едно прилично брзо и бесно пловило. Враќањето во улога на возач подразбира повторување на горе наведените процедури, но по обратен редослед.

Бидејќи Python се произведува рачно производителот е во состојба да ги исполни сите желби на клиентот освен оние кои би ја нарушиле безбедноста на копно и во вода.

Секако кастомизацијата чини, но и основниот модел на амфибијата е далеку од евтин. WaterCar предвидува почетна цена од 200.000 американски долари или малку под 140.000 евра.

Остатокот зависи од клиентот.

 

 

 

 

Facebook