|
Грдосијата која во висина достигнува колку една зграда од четири спрата е способна да генерира неверојатни 109.000 КС и е наменета да биде вградена во прекуокеански транспортен брод.

Најголемиот мотор што некогаш бил направен е двотактен дизел има 14 цилиндри кои покрај моќноста од 109.000 КС ослободуваат и неверојатен вртежен момент од 7.603.850 Nm при 102 врт/мин.
Сета оваа снага е потребна за да се задвижи најголемиот транспортен брод на светот Emma Maersk кој во должина мери 396 метрии има депласман од 170.974 тони и одеднаш може да превезува повеќе од 11.000 контејнери.
Кога сме веќе кај бројките да наведеме дека моторот Wärtsilä-Sulzer RTA96-C тежи 2.300 тони, висок е 13,5 метри и долг е 27,3 метри. Вшприцувањето на горивото во цилиндрите е директно преку заеднички вод common rail.
Напојувањето преку заеднички вод и помошта на турбо полначот му овозможуваат да го согорува горивото подобро и да работи поекономично при ниски вртежи, поточно при оптимални 92 до 102 врт/мин.
Зафатнината на еден цилиндер е 1.820 литри, таа е резултат на дијаметар на цилиндерот од 960 mm и од на клипот од 2.500 mm.
Без оглед на современите технологии кои се вградени во моторот секој од неговите цилиндри сепак успева да проголта по 0,19 литри дизел на циклус што е неверојатен успех вели финската компанија Wärtsilä.
Покрај дизел, моторот работи и на мазут и на растително масло и на гас. Во моментот тој е најбараниот бродски мотор на светот и е способен да ја турка Emma Maersk низ вода со брзина од 31 наутички милји на час или 57,41 km/h.
Интересно е што стандардната брзина на таков вид на бродови е 18 до 20 наутички милји на час или 33,33, односно 37,03 km/h што е за повеќе од 50% подобро остварување.
Производството на моторот е глобален процес бидејќи финската компанија Wärtsilä има погони во преку 70 држави ширум светот каде вработува 17.528 работници, а најголем дел од компонентите се изработуваат во Кина.
|