Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Најпопуларни бои за нови автомобили
10.12.2008
du-pont-popularna-boja-1.jpgСекоја година компанијата DuPont Automotive го објавува своето истражување за најпопуларните бои со кои се обоени новите автомобили низ цел свет.

Во 2008 белата била најпопуларна боја на пазарите во Севрена Америка. Ова е втора година по ред како купувачите од северниот дел на новиот континент ја одбираат оваа боја. За разлика од нив во Европа купувачите највеќе ја избираат црната боја и тоа без оглед на сегментот.

Истражувањето на DuPont открива значителни разлики за боите на автомобилите кои се популарни на различни пазари во светот.

Како што рековме во Северна Америка најпопуларна е белата боја за која се одлучуваат дури 20% од купувачите. Од нив 16% ја избираат обичната бела боја, додека 4% се одлучуваат за бисерно бела боја.

Второто место во Северна Америка го делат црната и сребрената боја. За нив се одлучуваат 17% од купувачите. Од тие што сакаат црна боја 11% ја фаворизираат обичната црна боја, а 6% нијанси со посебен ефект.

Во Европа за црна боја и нејзините нијанси се одлучуваат 26% од купувачите на нов автомобил. На второ место е сребрената боја кој привлекува 20%, додека сивата боја ја сакаат 18% од купувачите.

И на Стариот континент има тренд на раст на популарноста на белата боја, иако овој раст не е толку голем како во Северна Америка. Од ново купените автомобили во Европа 10% се бели и нијанси со посебен ефект на белата боја.

Неутралните бои како крем и кафена не уживаат голема популарност и зафаќаат 4%, однсно 2% од продадените нови автомобили во Европа.

Русија пак лудува по сребрената боја вели истражувањето на DuPont. Дури 30% од купувачите се одлучуваат за неа. За црната и за црвената боја се одлучуваат 14% од Русите, 13% сакаат зелена, 12% сина и 10% бела.

Пазарите во Азија исто така ја обожуваат сребрената боја. 32% од купувачите во Кина и 50% од Јужна Кореа сакаат сребрен автомобил. Белата е ја сакаат 28% од Индијците каде таа е најпопуларна, додека веднаш зад неа на второ место во Индија е сребрената за која се одлучуваат 27% од купувачите.

И во Јужна Америка сребрената е на второ место и неа ја одбираат 17% од купувачите. Во Јужна Америка исто како и во Европа и во Индија луѓето лудуваат по црна боја. Со неа се обоени 20% од ново продадените автомобили во Јужна Америка.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook