Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Највисокиот човек на светот со сопствен автомобил
26.03.2008
najvisok-covek-na-svetot-1.jpgУкраинецот, Леонид Стадник кој со своите 2,58 метри официјално е највисокиот човек на светот дефинитивно има проблем кога ќе треба да седне зад воланот на било кое возило на планетата.

Токму затоа украинската влада по барање на претседателот Виктор Јушченко му поклони на Стадник кастомизирана верзија на познатиот миниван Chevrolet Tacuma која без проблем наоѓа простор за сместување на неговата вонсериска силуета.

Бидејќи до сега неможел да најде ниту едно возило во кое ќе може да се смести зад воланот и поради тоа никогаш не земал часови за возење, 37 годишниот Стадник, конечно одлучил да му рати писмо на својот претседател Јушченко во кое бара од него да му помогне да најде соодветен автомобил.

Јушченко со големо задоволство го примил барањето на Стадник и им наредил на инженерите во украинската фабрика за автомобили ZAZ сместена во Запорожнија да помогнат во создавањето на кастомизиран автомобил за нивниот огромен сонародник. Што и го направиле.

„За сега некој ќе мора да ме вози,” изјавил пресреќниот Стадник по добивањето на поклонот. „Но, наскоро ќе уплатам за часови и за полагање на возачки испит по што, конечно сам, ќе можам да управувам со мојот автомобил.”

Стадник боледувал од необично пореметување во растот од својата 14. година од животот кое ја стимулирало хипофизната жлезда која лачела повеќе хормони и следствено тој прераснал.

Стадник е дури 22 сантиметри повисок од претходниот највисок човек на светот кинезот Бао Хишун кој е висок „само” 2,36 метри.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook