Легендарниот британски производител на спортски
автомобили Morgan, одлучи на светот му го претстави најеколошкиот автомобил
произведен до ден денешен.
Станува збор за репродукција на првиот автомобил на Morgan, искоснскиот
три тркалец Runabout. Димензиите на репродукцијата се 2/3 од оние на оригиналот
произведен во 1909 од HFS Morgan.
Најдоброто и нејзеленото кај новиот три тркалец на Morgan е погонот.
Автомобилот кој носи полно име Morgan SuperSports
Junior е задвижуван од педали и е наменет за деца на возраст од 6 до 13 години.
Без оглед што нема да вози во редовeн сообраќај, SuperSports
Junior се произведува на редовната производствена линија на Morgan и ги носи
сите традиционални обележја карактеристични за автомобилите на марката.
Ова значи дека за изработка на SuperSports
Junior се користат најквалитетни и најлесни материјали, а инженерите уверуваат
дека автомобилот во сржта ја носи филозофијата на Morgan за висок
сооднос моќност/тежина.
За да го оправдаат ова тврдење инженерите на Morgan во SuperSports
Junior вградиле механизам од педали, синџир и запченици сличен на најскапите
велосипеди кој треба да понуди одлични перформанси со мал напор.
Малата тежина е постигната со обилнио користење на
алуминиум, а за да се задржи изгледот на оригиналот напред е поставена
имитација на двоцилиндричниот V мотор.
SuperSports Junior има светла кои работат и седиште што се мести обложено со рачно шиена кожа. Веруваме дека сето ова ќе
ги одушеви малкумината среќни сопственици кои сакаат да седат на кожа и ќе уживаат и во ноќното возење
по имотот.
Малкумина бидејќи SuperSports
Junior ќе се произведе во лимитирана серија од 500 примероци, а е
конструиран за да биде дел од прославата на 100 годишината на компанијата
предвидена за во 2009.
Секој што ќе сака да го има SuperSports
Junior во гаража ќе мора да даде депозит од неповратни 500 британски фунти на
интернет страницата на Morgan и тоа што побрзо.
Производството на SuperSports Junior ќе
стартува во август 2009 откако ќе бидат направени преку 200 нарачки.
Конечната цена на SuperSports
Junior е 2.510 британски фунти на што подоцна треба да се плати поштарина, царина
и данок, а оние што ќе сакаат боја и кожена преслека за седиштето по избор ќе
мораат дополнително да издвојат 250 фунти.
SuperSports Junior се нуди, нарачките
не се пополнети, па кој милува нека повели.
|