Немирите во Тунис продолжуваат со несмалена жестина која ја почувствува и еден од автомобилите на претседателското семејство кое е познато по својата наклоност кон креациите на Ferrari.
Бегајќи од толпата за да извлече жива глава семејството зад себе ги остави своите миленици на четири тркала кои настрадаa. Станува збор за Ferrari 599 GTB Fiorano прегазен со багер и Ferrari California растурен со голи раце.
Јасно е дека граѓаните на оваа африканска држава кои одлучиле повеќе да не го трпат теророт и сакаат да живеат нормалнo, а не со диктатура, нема да сопрат пред ништо за да го искажат својот револт.
Гневната толпа прво се дофатила до жолтиот Fiorano сопственост на претседателот Зин Ел Абидин Бен Али, а потоа до црвената California која ја возела ќерката Софиен Бен Али.
Епилогот е јасен, а видеото и фотографиите кажуваат повеќе од пишан збор.