|
10.12.2007 |
Нормално дека на новиот Папа му треба нов Папамобил и
кога е така кој автомобил би му пасувал повеќе од еден сосем нов Mercedes Класа G. Се чини
дека Ватикан не се откажува од докажаната марка.
Од сега Папата Бенедикт XVI секоја среда
на плоштадот Св. Петар ќе се појавува пред своите 40.000 верувачи во еден
отворен Mercedes Класа G.
Новиот Папмобил е развиван бесмалку две години, а
инженерите тесно соработувале и се косултирале со службите во Ватикан. Новиот
Папамобил на приватна церемонија лично му е предаден на Неговото Свештенство.
Автомобилот е поставен на основата на G 500 и опремен
е со предно стакло кое се преклопува и цевка за држење и како и неговиот
претходник е обоен во така наречената Vatican mystic бела боја.
Папата Бенедикт се чини дека не се откажува и ја
продолжува долгата традиција со новиот Папамобил од Mercedes. Папата Пијус
XI беше првиот што доби Mercedes како официјален автомобил во 1930. Тоа беше лимузината Nurburg
460 Pullman.
Денес Папата има неколку модели на Mercedes
на располагање вклучувајќи и Класа М и Класа S.
|