Во очекување на официјална инаугурација на новиот
претседател на САД, Барак Обама, беше претставена и новата претседателска
лимузина со беџот на Cadillac.
Задолжението, но и честа, да го
создаде новиот претседателски автомобил повторно му припадна на General
Motors. Лимузината на Обама е наречена The Beast или Ѕвер, поставена на една од платформите на GM и дели компоненти
со повеќе различни модели.
Иако однадвор лимузината влече стилски елементи од
моделите на Cadillac, таа е
поставена на шасија врз која се поставени и големите пикапи кои доаѓаат од
погоните на General Motors.
Во надворешниот излгед на лимузината познавачите
препознаваат предни светла земени од Cadillac Escalade, предна
маска и задни светла од Cadillac STS, додека страничните панели и кровот
нормално се посебна изработка.
Каросеријата е направена од елементи од двојно зацврснат
челик, авионска легура на алуминиум, титаниум и инженерска керамика заради
потребата од максимална заштита на претседателот. Користењето на овие материјали
обезбедува заштита дури и од проектил.
Додека однадвор лимузината е олицетворение на цврстина,
внатре владее раскош. Ентериерот комплетно е преслечен со рачно штавена и шиена
кожа.
Одзади Обама и неговите блиски соработници ќе можат да се
опуштата во раскошниот простор, но патем можат и да ги извршуваат предвидените
функции, бидејќи автомобилот функционира како самостојна канцеларија со
мобилна и интернет конекција, сателитски врски и слично.
Печатот на претстедателот на САД е извезен на средина од
задното седиште и на облогата од задните врати. Додека амблем од печатот е
залепен на задните врати однадвор.
Безбедноста на Обама ја гарантира околоп сокриен зад
страниците на автомобилот и вратите со дебелина од 200 mm, посебната
заштита на подот која ја чува кабината од против тенковска мина, зајакнат кров,
гуми зајакнати со кевлар отпорни на сечење и на пробивање од зрна од голем
калибар и специјални челични бандажи кои можат да возат и без гуми на нив.
Во багажникот е сместен против пожарен систем, борбени
пушки сачмарки, двогледи за ноќно гледање, а складирани се и ќесиња со крв со
крвна група на Обама.
Очигледно е дека кога е во прашање животот на
претстедателот на САД, ништо не се препушта на случајот. Но, тоа има и своја
цена, а неа ја плаќааат перформансите.
Претседателската лимузина го плаќа данокот на тежината и
затоа неможе да вози побрзо од 60 mph, милји на час, или 96 km/h,
a потрошувачката во просек изнесува околу 30 L/100 km безоловен бензин.
|