Потврдено, најголемиот проблем на електричните автомобили
е споро полнење и мала автономијата. Токму овие два ставки ги спречуваат да го
преплават светот и да ги заменат класичните пуфкачи.
Најеклатантен пример за проблемите на електричните
автомобили е спортскиот родстер Tesla, кој важи за
најнапредното електро возило на светот, а сеуште мака мачи со автономијата и
полнењето иако неговиот развој веќе е во завршна фаза и се наоѓа пред сериско
производство.
Сепак, не треба да се паѓа во очај, барем така велат во Toshiba и
нагласуваат дека нашле решение за проблемот со полнењето. Нивната нова
високотехнолошка батерија се полани до 90 проценти од максимланиот капацитет за
само 5 минути, трае 10 години и работи безмалку во сите температурни услови.
Станува збор за напредна батерија со литиум-јонска
технологија која нуди циклус од 5.000 полнења. И додека производителите на
автомобили бегаат од литиум-јонските батерии поради опасноста од самозапалување
под оптеретување во Toshiba велат дека нивниот продукт не е имун на такви грешки.
Развојот на бетериите во Toshiba е веќе во
напредна фаза и се очекува завршување на проектот до 2010 кога и ќе почнат да
се вградуваат во хибридните автомобили. Експертите за маркетинг велат дека новите
батерии во рок од 5 години по имплементирањењто ќе остваруваат приход од околу
900 милиони долари на годишно ниво.
Доколку сето ова што го тврдат во Toshiba
е вистина, а не гледаме причина зошто не би било, тогаш станиците за брзо
полнење на батерии би почнале да никнуваат како печурки после дожд и набрзо би
ги истиснале сегашните бензински пумпи.
Есапот е јасен. Пет минути за полнење на батерија не
одзема многу повеќе време отколку што е потребно да се наполни еден резервоар
гориво. Плус електричните станици немаат потреба од гломазна инфраструктура на
сегашните бензински пумпи, кои мораат да водат сметка за резервоарите за
складирање гориво, заштитни системи против појавување на електрична искра и
слично. Што значи ќе бидат поевтини за изградба.
Ови факти беа основа за мислата водилка на израелската
компанија Agassi која со својот проект Better Place или
подобро место за живеење има намера да го стори токму тоа. Изградба на
електрични станици.
Јасно е дека скептицизмот на замира, но ние сакаме да
веруваме дека со ваквиот развој на батериската технологија ќе можеме да се
возиме во автомобили со нула емисија на издувни гасови и тоа можеби порано
отколку што било која очекува, а тоа е средина на следната декада.
|