Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Новиот „Транспортер” ќе бидe Audi A8
13.07.2011

Култното филмско остварување „Транспортер” со Џејсон Стетам во главна ролја добива ново издание кое ќе се прикажува на малите екрани во форма на сериски филм во повеќе продолженија.

transporter-tv-serija-1-2011-1

Но, за телевизискиот приказ на „Транспортер” е избран друг актер. Во серијата главната ролја ќе ја носи британскиот актер Крис Ванс, којшто, патешествијата во транспортирање на стока и луѓе ќе ги остварува со Audi A8.

Ноаводно станува збор за најмоќната верзија на Audi А8, 4.2 Quattro која располага со бензински V8 способен кон сите четири тркала да испрати 372 КС и 440 Nm и се чини како создадена за ролјата во која ќе се најде.

Се шпекулира дека можеби во телевизиската серија „Транспортер” ќе се појави спортската верзија S8 задвижувана од V8 битурбо бензинецот развиен од Bentley за новaта генерација на купето Continental и се очекува кон крајот на годината.

Како и да Audi е неизбежниот партнер на „Транспортер” и се појавува во двете продолженија на филмот до 2005 и 2008 година. Тука не влегува првото издание од 2002 година кога Стетам вози BMW.

Режисер на телевизискиот „Транспортер” ќе биде вториот режисер на серијата „Изгубени”, Стивен Вилијамс.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook