Get Adobe Flash player
Новo во колекцијата Art Car на BMW
09.06.2010

Во Париз во националниот центар за уметност и култура Жорж Пoмпиду беше претставен најновиот автомобил од уметничката колекцијата Art Car на производителот од Минхен.

bmw-m3-gt2-art-car-2010-1

Тркачкиот автомобил BMW M3 GT2 кој ќе се натпреварува на легендарната трка на издржливост 24 часа Леман е седумнаесетиот по ред модел на BMW оличен од раката на уметник и влегува во престижната колекција Art Car.

Насликаниот BMW M3 GT2 е дело на американскиот уметник Џеф Кунс кој седум години се обидувал да ја реализира својата идеја да создаде уникатен дизајн на некој од автомобилите на BMW за колекцијата Art Car.

Конечно Кунс ја добил шансата. И тоа не да наслика било кој автомобил од понудата на BMW, туку токму автомобилот што ќе го одбележи враќањето на BMW на трката 24 часа Леман по 11 годишна пауза.

Живиот дизајн на боите на каросеријата на BMW M3 GT2 е создаден со помош на компјутерската програма CAD и потоа е пренесен на самолеплив винил кој е залепен на каросеријата.

За да не се уништи винилот од механички оштетувања врз него се нанесени неколку слоеви безбоен лак кој го дава и потребниот сјај на овој тркачки BMW.

Според Кунс iдејата на живите бои на дизајнот испреплетени во полно надолжни линии има за цел да ја нагласи агресивноста на автомобилот, неговите перформанси и динамичките карактеристики својствени за моделите на BMW.

Колекцијата Art Car на BMW потекнува од 1974, а честа да го наслика првиот BMW од оваа колекција му припаднала на уметникот Александар Калдером. По него своите идеи врз моделите на BMW ги пренесуваат големите имиња на современата уметност како Рој Лихтенштајн, Енди Ворхол, Робер Рауштберг и др.

Што се однесува до самиот M3 GT2 тој пакува моќни 500 КС под хаубата кои ги испорачува 4.0 литарскиот атмосферски V8, носи тркачка шасија, тркачки модификувана суспензија и огромни сопирачки дискови кои исто така доаѓаат од светот на мотоспортот.

Конструкцијата се потпира на обилно користење на лесни материјали како алуминиум и карбон-фибер и е способен да забрза до 160 km/h за 3,4 секунди, додека максималната брзина од BMW не ја откриват, но таа и не е толку битна.

Бидејќи се работи за тркачки автомобил, забрзувањето и максималната брзина не се фиксни имено тие зависат од должината на преносните односи во менувачот и од преносниот однос во диференцијалот.

 

 

 

Facebook