Get Adobe Flash player
Официјално Renault, Nissan и Daimler во алијанса
08.04.2010

Групацијата Renault – Nissan и концернот Daimler и официјално објавија дека е создадена нова автомобилска алијанса во која се вклучени марките Mercedes, Nissan, Smart, Renault и Infinity.

carlos-ghosn-dieter-zetsche-2010-1

Оваа новосоздадена алијанса влегува во трите најголеми производители на автомобили на светот. Во рамките на алијансата групациите разменуваат дел од сопствените акции заради постабилна основа за соработка.

Во рамките на алијансата Renault и Nissan превземаат по 1,55% од акциите на Daimler, додека германскиот концерн превзема 3,1% од акциите на јапонската и француската марка.

Основната цел на алијансата е намалување на трошоците за развој и за производство на нови модели за сметка на поголеми вложувања во развојот на новите технологии за заштита на животната средина.

Алијансата ќе се фокусира и на развој на плтформи за нова генерација на мали и компактни модели, леснотоварни комерцијални возила и најважното електромобили.

Паралелно со развојот на нови платформи ќе оди и развојот на бензински и дизел мотори за мали автомобили со зафатнина од 1.2 до 1.8 литри. Моторите ќе ги развиваат инженерите на Daimler, а истите ќе ги произведуба Renault.

Карлос Гон и Дитер Цетче истакнаа дека први автомобили кои ќе произлезат од новата алијанас и ќе влезат во продажните салони се новата генерација на Renault Clio и на Smart.

На почеток најголема корист од здружувањето ќе извлече Infinity, луксузната марка на Nissan, чиви модели ќе ги користат високоефикасните четири цилиндрични и шест цилиндрични дизел мотори на Mercedes.

Од Nissan истакнуваат дека алијансата ќе и заштеди на компанијата околу 1 милијарда евра кои инаку би отишле на инвестиции во развој во следните пет години.

Како куриозитет по потпишувањето на договорот шефот на Infinity, Енди Палмер најави дека неговата компанија планира создавање на премиум компакт кој ќе влезе на пазарот како директен конкурент на BMW Серија 1, Audi A3 и Lexus CT 200h и ќе користи технологија од Daimler.

 

 

 

Facebook