Get Adobe Flash player
Онлајн конфигуратор за Ferrari California
27.11.2008
ferrari-california-konfigur.jpgFerrari направи нова интернет страница наменета специјално за своето купе-кабрио California каде меѓу содржините наменети да привлечат внимание стои и онлајн конфигуратор.

Поделена во три одвоени категории именувани како Слушни, Види и Почувствувај интернет страницата нуди бројни фотографии, видеа и секако дробни информации за California.

Најинтересниот дел од страницата секако е конфигураторот кој им овоможува на посетителите да го скројат своето Ferrari California според сопствен терк избирајќи од бојата на каросеријата, внатрешноста и тркалата.

Изборот на надворешните бои е поставен во три категории, метални бои, неметални бои и класични бои. Откако ќе ја избере бојата на каросеријата посетителот продолжува со комбинирање на ентерирет и на крај завршува со изборот на леснометални бандажи.

Во Ferrari пресметале дека благодарение на изборот на 27 бои на каросеријата, 12 бои на ентериерот и трите различни сета на банадажи можни се вкупно 5.000 различни комбинации во кои може да се испорача California.

Конфигураторот дозволува на крајот од конфигурирањето посетителот да го види својот виртуелен автомобил од секој агол. Во Ferrari се свесни дека конфигураторот пред се ќе го користат сонувачи, однoсно обичните луѓе кои најверојатно никогаш во животот нема да можат да си дозволат автомобил како нивната California.

Сепак, не се откажуваат од градењето на својот имиџ и создавање на верна публика дури од најмала возраст. Потенцијалот што го кријат широките народни маси несмее да остане неискористен и треба да се користи секоја прилика која во иднина ќе донесе нови поклоници на марката.

За да го конфигурирате сопствениот Ferrari California кликнете тука.

 

 

 

Facebook