Get Adobe Flash player
Onuk Sazan прототип на суперспортист
31.12.2009

Најновиот суперспортски автомобил доаѓа од Турција од една работилница во предградието на Истанбул и е дело на Др. Екбер Онук кој го создал автомобилот во сеќавање на својот син.

onuk-sazan-ss-avtomobil-1

Во 1996 студентот Каан Сазан Онук и син на Екбер Онук учел да стане инженер, но неговото патешествие во светот на инженерството било прекинато во сообраќајна несреќа која завршила трагично.

Иако како што вели Екбер Онук: „Каан не е веќе меѓу нас, но тој беше инспирација за создавање на овој прекрасен спортски автомобил кој ќе му служи како споменик и ќе ја овековечи неговата желба да влезе во историјата на автомобилизмот”.

За сега суперспортскиот автомобил кој ќе го носи името Onuk Sazan сеуште е во фаза на развој. Изграден е само еден прототип кој централно во шасијата го носи V8 бензинецот од Corvette LS7 навиен да остварува околу 520 КС.

Според плановите на Екбер Онук ќе бидат направени вкупно пет примероци од Onuk Sazan и секој од нив ќе биде опремен со моторот на Corvette, а снагата до задните тркала ќе се пренесува преку пет степен мануелен менувач.

Екбер Онук остава можност за исполнување на желбите на купувачот кој доколку сака место големиот V8 од Corvette, прототипот Sazan, може да добие V6 од 3.5 литри од Nissan 350 Z.

Секако овој мотор според Онук е премногу слаб за автомобилот на неговиот син и за да се постигне саканата снага моторот ќе добие турбо натполнење кое ќе ја зголеми моќноста на задоволителни 485 КС.

Перформансите на Onuk Sazan би требале да бидат восхитувачки со оглед на фактот дека инженерите успеале да ја задржат тежината на автомобилот под магичната граница од 1.000 kg.

Забрзувањето не се наведува, но според инженерите кои соработувале со Екбер Онук максималната брзина би се движела околу границата од 300 km/h.

Кога ќе се стартува со производство на Onuk Zasan и колкава ќе биде цената што ќе се бара за него сеуште не се знае. Но, според зборовите на Екбер целта не е да се заработи туку само да се покријат трошоците.

 

 

 

Facebook