Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Opel: Cагата продолжува. Иднината загарантирана
13.05.2009
fiat-opel-magna-gaz-logo.jpgМинатата седмица проструи веста дека Fiat е заинтересиран да го купи Opel од General Motors кој брза да ги продаде своите марки поради можен банкрот што би се случило веќе во јуни.

Но, ова е само еден дел од приказната што се исплете околу иднината на Opel. Дефинитивно консталацијата во автомобилската индустрија се менува, а промените се огромни.

Fiat се наоѓа во освојувачки поход. Откако потврди дека е постигнат договор за формирање на алијанса со Chrysler, му фрли пик и на Opel.

Според Маркионе, Fiat e подготвен да купи 10% удел во Opel, но понудата веднаш ги разбранува духовите во General Motors. Раководството на GM и покрај заканата од банкрот на компанијата сака да поседува најмалку 30% од Opel, сега кога уште еден голем играч, Fiat, е во игра.

На овој начин, доколу GM задржи повеќе од 30% од акциите во Opel и Fiat го добие бараниот дел, со посредство на Opel и на Fiat постои шанса за индиректно спојување на Chrysler и на General Motors.

Во тој случај на Fiat ќе му бидат отворени вратите за агресивен настап на пазарите како во Северна и Јужна Америка, но и на пазарите во Кина, Африка и Австралија.

Позитивниот исход од едно вакво здружување за Fiat ќе биде огромен, но правењето на алијанси со компании кои имаат сериозни финансиски проблеми подеднакво претставува и голем ризик.

Секако работата нема да оди толку лесно. Пред се поради големиот интерес за Оpel и на австриската Magna Steyr.

Претседателот на Magna Steyr, Френк Стронах, побрза да ја даде својата понуда до германската влада веднаш откако Маркионе го изнесе својот план за формирање на најголемиот европски автомобилски конгломерат со комбинирање на Fiat, General Motors Europe, Opel, Saab, Vauxhall и Chrysler.

Стронах во својот план изнесен до германската влада наведува дека Magna Steyr е заинтересирана за купување на дури 50% од Opel од кои 30% би им припаднале на инвеститори од Русија.

Во случајов станува збор за рускиот олигарх Олег Дерипаска кој по договорот со шефот на Magna веќе контактирал со неколку големи банки од Русија и заедно со нив би купил 30% од Opel.

Во оваа комбинација влегува и GAZ Group чии сопственик е токму Дерипаска, а за што е контактиран и премиерот на руската влада Владимир Путин. Според Путин, GAZ Group би учествувал со отстапување на својата нова супер модерна фабрика во Нижни Новгород која е завршена минатата година.

Стронах дополнително наведува дека неговата компанија има околу 1.5 милијарди долари резерви во готовина поради што инвестирањето во Opel воопшто не би ја загрозило Magna.

Доколку се формира алијанса меѓу Opel, Magna и GAZ таа ќе прерасне во автомобилски џин способен да произведе преку 5.000.000 автомобили годишно.

Но, одлуката дали дел од акциите на Opel ќе му бидат продадени на Fiat или на Мagna паѓа на германската влада. Секако на нив не им се брза и полека ќе ја разгледуваат подобрата опција.

Причината за овој релаксиран пристап на германските власти лежи во фактот дека успеале да обезбедат банкарски гаранции за да го сочуваат интересот на инвеститорите дури и ако General Motors банкнотира.

Секако оваа состојба не е трајна и ќе трае се додека не се најде соодветен инвеститор, бидејќи германската влада нема намера да троши пари за да стане сопственик на Opel.

Нејзината улога е да помогне во период на транзиција со што ќе ја сочува компанијата во целост, но и големиот број на работни места.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook