Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Opel ги открива тајните на маскирањето
18.03.2008
opel-insignia-kamo-1.jpgСекому е јасно дека производителите на автомобили измислуваат секакви трикови за да ги заштитат своите нови модели кои се во фаза на развој од објективот на папараците.

Исто така вообичаено размислување е дека производителите едноставно ќе залепат црна лента наоколу по автомобилот и околу поексплицитните детали и толку. Но, не било така.

Според вработените во развојниот оддел на Opel процесот на маскирање на започнува уште додека автомобилот е само компјутерска симулација или евентуално е прототип направен во глина во размер 1:1.

Дизајнерите всушност создаваат еден вид на фејслифт на новиот автомобил кој е направен така за да ја залажува светската јавност и конкурентите за да мислат дека всушност го гледаат вистинскиот облик, дизајн на автомобилот.

За новиот модел Insignia дизајнерите на Opel велат дека на автомобилот намерно му е додаден лажен заден спојлер, пластични прекривки за да се сокрие вистинскиот облик на светлата, а врз делови од каросеријата е нанесена специјална пена која по зацврстувањето може да се обработува и со чија помош се сменети контурите на автомобилот.

Тие додаваат дека истата пена се користи и за менување на обликот на линиите околу страничните стакла. Хм... кој би забележал?

И на крај во Opel откриваат дека луѓето што се задолжени за тестирање на прототипите посетуваат посебен тренинг за да научат како да ги избегнуваат папараците. Според нив првото правило е автомобилот никако несмее да запре и да стои на јавно место и доколку такво нешто е нужно тогаш задолжително се користи соодветна прекривка.

Сепак, и покрај ова папараците успеваат да ги уловат, надмудрувањето меѓу нив и луѓето што тестираат е како вечна војна во која нема ниту победници, ниту губитници.

Како и да е сега во галеријата се наоѓаат официјални шпијунски фотографии, а светската премиера на Insignia како што кажавме претходно е на 22 јули на автомобилскиот салон во Лондон.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook