Во Германија осигурителните компании бараат ESP во сите
нови автомобили. Истражувањата покажуваат дека многу нови возила посебно од
пониските класи немаат ESP.
Германските осигурители ги критикуваат производителите на
автомобили дека премногу ги наплатуваат системите за електронска контрола на
стабилноста или ESP.
Поради високата цена на системот младите возачи кои
спаѓаат во најризичната група од сам старт се откажуваат од вградување, односно
доплата за ESP.
Според истражувањето 14 проценти од сите нови автомобили
во Германија воопшто немаат опција за дополнително вградување на ESP. Па така
купувачите се принудени, доколку сакаат нивниот автомобил да има ESP, тоа да го
сторат при нарачка односно купување на нов автомобил.
Тие препорачуваат дека во суштина целата напредна
електроника неможе да ве спаси од инциденти на пат доколку имате лоша навика да
го стискате педалот за гас до крај, посебно во зимски услови на снег.
ESP во никој случај не е гаранција дека ќе ги победиме
законите на физиката. ESP може да ви помогне при возење, не и при лудување.
· Пример 1: Автомобилот
подуправува – ESP го стабилизира со активирање на сопирачката на задното
лево тркало
· Пример 2: Задниот дел губи
тркација, автомобилот надуправува – ESP го стабилизира со
активирање на сопирачката на предното десно тркало
|