Get Adobe Flash player
Ова треба да е BMW Серија 6 !?
19.04.2010

Група на тјунери од Литванија познати под името AG Excalibur во кнежевството Монте Карло претставија своја визија за тоа како би требало да изгледа купето од серијата 6 на производителот од Минхен.

excalibur-shark-2010-1

Името на мечот со магични моќи кого го поседувал легендарниот Крал Артур, Еxcalibur одговара на креациите на тјунерите од литванија. Модификувањето на автомобилот е навистина магично

Скроена е комплетно нова каросерија под која тешко може да се препознае BMW Серија 6. Името на новата креација исто така не е избрано случајно. Новиот автомобил визуелно потсетува на Ајкула, а токму така гласи и името на доработката Shark.

Најкарактеристични елементи се хромираната предна маска и хромираните леснометални бандажи со дијаметар од неверојатни 30 инчи. По отворање на вратите во кабината се забележува и комплетно новото уредување.

Excalibur Shark e претставен на изложбата Top Marques Monaco каде секоја година се собираат екстравагантни возила за луѓе со ексцентричен вкус и длабоки џебови.

Сепак, треба да сте премногу ексцентрични за да ви се допадне една вака доработена Серија 6 на BMW.

 

 

 

Facebook