|
12.05.2008 |
Ова можат да го кажат само ретки автомобили чија
максимална брзина ја преминува магичната бројка од 407 km/h остварена
од монструмот на Bugatti со 1001 коњски сили под хаубата.
Првиот е американскиот SSC Ultimate
Aero TT кој лани во септември официјално достигна максимална брзина од 411 km/h и сеуште
го држи приматот најбрз сериски автомобил на светот.
Вториот е супер спортистот на 9ff наречен GT9 кој на
официјалниот тест во Папенбург минатиот месец оствари максимална брзина од 409 km/h. GT9 ќе биде
произведен во лимитирана серија од само 20 примероци по цена од 592.620 евра.
Автомобиот е поставен на изменета шасија од 911 GT3 и од 4.2
литарскиот битурбо боксер извлекува 987 коњски сили и вртежен момент од 964 Nm. Но, за да
не се повторуваме кликнете тука и запознајте се со GT9 подетално.
|