|
30.06.2008 |
Вообичаено зимските гуми се испитуваат и се
претставуваат таму каде што има снег во изобилие, а тоа најчесто се
скандинавските земји Норвешка, Шведска, Финска.
Но, италијанскиот гумарски гигант Pirelli отсекогаш
сакал да биде посебен и затоа одговорните во компанијата одлучиле
претставувањето на новата генерација на зимски гуми Sottozero 2 која
стартува со продажба во октомври да биде точно во центарот на Европа.
Интересно е тоа што презентацијата се одржуваше во месец
јуни, но за да го постигне посакуваниот ефект истата мораше да биде направена
на снег. Секако места каде што има многу снег во јуни се многу малку. Едно
такво место е швајцарскиот Цермат.
Pirelli го избра токму него бидејќи љубителите на скијањето
во лето често го посетуваат, а Цермат е и значаен и затоа што од тука тргнуваат
многу тури за освојување на швајцарските врвови високи по 4.000 метри меѓу кои
спаѓа и врвот Метерхорн со височина од 4.478 метри.
Убавината на овој зимски и летен скијачки центар е и во
тоа што ски-лифтовите транспортираат патници до висина од 3.800 метри, но за
презентација на гуми се потребни и автомобили, а тие неможат да се качат на
планината со ски-лифт.
Затоа е ангажиран хеликоптер коjшто ги
качувал автомобилите опремени со Sottozero 2 на станицата Монте
Роса на надморска височина од 3.480 метри, каде цели две седмици се одржуваше
презентацијата на новите зимски гуми на Pirelli на
специјални патеки направени во снег.
Најдобриот дел од приказната е дека втората генерација на
зимските гуми Sottozero 2 се наменети за спортски автомобили, а истите за време на настанот кружеа по снежните писти на височина од безмалку 3,5
километри над нивото на морето.
|