Get Adobe Flash player
Планира ли VW да ја купи Alfa?
30.08.2010

Одговорот на поставеното прашање за сега се наоѓа во сфера на шпекулации и нема ништо официјално, но како што вели народната: каде има чад таму има и оган. Како и да е сето ова не е случајно.

alfa-romeo-8c-spider-2010-1

Големата приказна за моќното превземање на Alfa Romeo од страна на Volkswagen пристигна по изјавата на шефот на германскиот гигант Др. Мартин Винтеркорн кој во една прилика изјавил: „Alfa Romeo е мечта за Volkswagen”.

И толку. Браната попушти, а на шпекулациите им нема крај. Од друга страна пак истите ги подгрева молчењето на Fiat. Италијаните за сега не се изјасниле дали сакаат, или пак, не сакаат да се откажат од Alfa Romeo.

Меѓутоа за добра сума се е можно. Па така и Fiat да се раздели од Alfa Romeo.

Во моменти кога Fiat Group е во состојба на вложување и одлив на големи финансии од компанијата со цел што побрзо да се заврши усогласувањето со Chrysler и да се започнe со освојување на важниот американски пазар добра финансиска инекции сигурно би му годела.

Од друга страна Alfa Romeo е констатнтен губитник. Едноставно марката не прави пари години наназад и претставува товар за Fiat посебно време кога индустријата се опоравува од големата светска финансиска криза.

Volkswagen пак ја искористи кризата за да ги направи своите најголеми инвестиции. Имено по превземањето на Porsche, производителот од Волфсбург купи 20% од Suzuki и на крај ја купи славната дизајнерска куќа Giugiaro.

Но, дали тука ќе застанат инвестициите на Volkswagen и неговиот продор во италијанската индустрија? Се чини дека купувањето на Giugiaro е само прв чекор во намерата да се освои барем дел од индустриjска Италија.

На оваа тема говори еден аналитичар од германската групација Metzler кој за специјализираното издание Automobilwosche изјавил дека Alfa Romeo би била совршено решение за дополнување на портфолиото на концернот VAG.

Самото анализирање на идејата за овој крупен потфат говори дека евентуалното превземање на Alfa Romeo од Volkswagen се води како крупен стратегиски чекор на германската индустрија и тука се инволвирани повеќе експерти.

Како и да е темата е начната и се очекува или остар демант, или пак, спортското срце полно шарм ќе мине во рацете на конзервативните германци. Како и да е очигледно е дека најважно за Alfa Romео е да почне да носи пари.

 

 

 

Facebook