Да се пие и да се вози е опасна игра, или пак, ако повеќе
милувате коцкање со животот, што го прават милиони возачи ширум планетата
откако првиот автомобил се задал на улица.
Полицијата станува се подобра во откривањето и казнувањето
на престапниците, но многумина се извлекуваат, а како резултат на тоа гинат
илјадници недолжни учесници во сообраќајот.
Во Германија против овој голем проблем се борат со помош
на урината. Веднаш да ве обесхрабриме пред да помислите дека станува збор за
испитување на урината за да се открие процентот на алкохол во крвта.
Наместо испитување, на пијаните возачи им се нудат видео
игри додека се во тоалет.
LCD монитори поставени над писоарите прикажуваат видео игра
со трки со автомобили, која користи сензор сместен внатре во писоарот, кој што го
следи млазот на урината, кој пак управува со автомобилот. Ух.
Потребни ви се брзи рефлекси за да управувате со
автомобилот низ густ сообраќај и низ разни пречки поставени на пат, со помош на
вашата урина додека уринирате.
Кога играчот нема да може правилно да го управува
автомобилот тој се судира и се распрскува во парчиња и веднаш потоа на екранот
се појавува телефонски број од некоја такси компанија.
Многумина ја обожуваат оваа игра бидејќи помага времето
да ви мине побрзо додека сте во тоалет. Само се надеваме дека луѓето нема да
почнат да пијат повеќе само за да уживаат играјќи.
Во моментов нема информации дали слична игра се
подготвува и за припадничките од понежниот пол. Она што предизвикува
љубопитство во случајов е техничката изведба на една ваква направа.
|