|
29.09.2008 |
Вработени во Porsche, згора на платата,
ќе добијат премија од по 6.000 евра на крајот на годината. Награда за исклучително
добрите продажни резултати постигнати за една година работење.
Наградата следува за финансиската 2007 - 2008 која во Porsche ја
сметаат од 31 јули до 31 јули. Премијата годинава е повисока од премијата
доделена минатата година која изнесуваше 5.200 евра.
Премијата ќе му биде исплатена на секој вработен што
потпишал договор за вработување со Porsche пред 1 август
2007.
Според соопштението дадено од компанијата распределбата
на премијата е следна: 3.800 евра за изминатата финансиска година заради
одличните оперативни резултати - производство, продажба, постпродажни активности итн., 700 евра за остварените финансиски трансакции и
1.500 евра се даваат во чест на прославата 60 години постоење на компанијата.
|