Глобалната преокупираност со смалувањето на
потрошувачката како социјален феномен ги приморува производителите сериозно да се зафатат со проблемот на економичност кај автомобилите.
Еден од најпрофитабилните производители на денешницата и
со најголем раст на продажбата Porsche, чија дејност патем воопшто не соодејствува со
производството на економични автомобили, веќе разсмилува како да ги задржи
перформансите на своите возила и воедно да ја намали потрошувачката и емисијата
на издувни гасови.
Најновата идеја на инженерите во компанијата е да се
вратат кон корените и во својата програма да вклучат нова генерација на четири
цилиндрични боксер мотори.
Информацијата ја поддржа еден од инженерите на Porsche кој за
време на претставувањето на новата 911 во Австралија изјави дека компанијата
воопшто не гаи аверзија кон користењето на четири цилиндрични мотори.
Шефот на одделот за развој на мотори во Porsche,
Томас Крикелберг, ја потврди информацијата објаснувајќи дека шест
цилиндричните боксер мотори кои во моментот работат во 911 се конструирани така
да во секој момент бројот на цилиндри може да се редуцира. Секако доколку за
ова има силна потреба.
Обраќајќи им се на присутните на истата прес конференција,
Крикелберг дополни дека глобалното затоплување и потребата за намалување на потрошувачката
на гориво се двата најголеми мотивирачки фактори за да се донесе одлука да се
намали бројот на цилиндри на легендарниот шест цилиндричен боксер на Porsche.
Крикелберг објаснува дека кратењето на бројот на цилиндри
би било релативно едноставна постапка бидејќи моторот е конструиран да биде
модуларен.
Тој воедно ја истакна потребата од произведување на
социјално одговорни автомобили кои воедно ќе ја чуваат животната средина и ќе
ги задоволуваат строгите норми за емисија на СО2. Токму затоа
во Porsche размислуваат за драстична промена во нивниот сегашен
пристап на конструиранње на мотори и имплементирање на новите технологии.
Потврда за ова е најавениот развој на хибридна верзија на
теренецот Cayenne кој ќе биде интересен на купувачите што сакаат да бидат
социјално одговорни кога е во прашање опстанокот на планетата и се откажуваат од брутална снага.
Легендарниот шест цилиндричен боксер на Porsche
обезбедуваше моќна коњица за генерации 911. Но, дури и Porsche ќе биде
приморан да го напушти својот мотор кој воедно е и заштитен знак на компанијата
за да одговори на барањата што ги носи новото време.
Сепак, ова ќе значи и враќање кон корените бидејќи првите
модели на Porsche како што е еден 356 зад задната оска носеа боксер со
четири цилиндри.
Четири цилиндричните боксери сеуште работат одлично пред
се во моделите на Subaru. Јапонската компанија нема намера да се откаже од нив, а
засилени со турбо полнач обезбедуваат перфоманси на рамниште на спортски
автомобил како што впрочем е една Impreza WRX.
Секако и Porsche би можел да го следи овој пат. Кога ќе дојде време тие
без проблем ќе го намалат бројот на цилиндри, но ќе го задржат истото ниво на
моќ.
|