Експертите на Porsche тврдат дека
денешните хибридни автомобили сеуште чинат премногу, а не нудат доволно
подобрувања во смисол на заштеда, преформанси, издржливост итн.
Eдноставно пресметките на одговорните во Porcshe
велат дека денешните хибриди се прескапи за тоа што го нудат и дека не се
толку многу подобри од класичните автомобили со бензински или дизел агрегат.
Поради ова во Porsche се многу внимателни
околу воведувањето на хибриден погон во нивниот теренец Cayenne, иако во Audi и во VW забрзано
работат за што поскоро претставување на новиот хибриден систем развиен во
соработка на трите компании. Првиот автомбил со овој систем ќе биде Audi
Q7 кој ќе стартува некаде на почетокот од 2008. Најверојатно во Porsche
ќе го одложат претставувањето на својот прв хибрид до 2010.
„Иако сеуште не е донесена одлука кога хибридниот систем
ќе се појави во нашиот SUV Cayenne, сигурен сум дека новиот систем ќе
стартува со новата генерација на Cayenne која е планирана
за во 2010,” изјави еден од менаџерите на Porsche.
Исто така се претпоставуваше дека хибридниот систем ќе се
вградува и во моделот на Porsche, Panamera чија премиера е закажана за во 2009,
но тоа очигледно нема да се случи барем до 2012.
„Потребно ни е време за да го анализираме исксутвото
од вградувањето на системот во Cayenne и во зависност од тоа што ќе откриеме ќе
одлучиме кога да го воведеме хибридниот погон во Panamera, што може да се
случи и во 2013,” појаснува истиот менаџер на Porsche.
Сепак, неговиот заклучок за одложеното воведување на
хибридниот погон во возилата на Porsche е истражувањето во
САД кое вели дека американците и не се толку залудени по хибриди колку што се
чини
Токму затоа во Porsche не сакаат да
избрзуваат со потезите кога е во прашање нивниот најголем пазар.
|