Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Приказната што стои зад Tata Nano
16.01.2008
tata_nano_front_1.jpgМикро автомобилот Nano на Tata кој беше претставен минатата недела ја затече светската јавност со најавата за неговата цена која стартува од 100.000 индиски рупии или 2.500 американски долари.

Tata ги изненади и ги затече останатите производители на автомобили кои оттогаш како и целиот свет си го поставуваат прашањето: како Tata може да понуди толку евтин автомобил, кога на останатите марки не им успева да понудат автомобил и со дупло повисока цена од него?

Тајната се сокрива во два главни сегменти. Едноставен развоен пат и драстично кратење на трошоците во секој аспект од создавање до производство на автомобилот.

Пример за наведеното е идејата на Tata да ги спротивстави еден против друг добавувачите на компоненти и да ги натера да и ги претстават своите видувања. Целта е да се види кој од нив ќе предложи најдобра солуција по најниска цена.

Но, да не се залажуваме како што споменавме Nano е соголен до кожа и не нуди ниту компоненти што ние одамна ги земаме здраво за готово.

Тоа значи дека Nano има само еден наједноставен брисач со една брзина, вози на тркала со пречник од 12 инчи кои за главчината се стегнати со три шрафа, нема радио, ниту инсталација за радио, нема серво волан, електрика на стакла, а за клима и за воздушни перници ниту да не зборуваме.

Секако сето ова може да се добие со доплата освен воздушните перници. Тие не постојат. Понатаму, моторот со зафатнина од 642 сс, распоредени во два цилиндри, кој остварува 33 коњски сили и притоа во просек троши помалку од 5 литри бензин е неверојатен пример што укажува на принципот на кратење на трошоци.

Имено моторот има само едно балансирачко вратило наместо две. Плус за дополнителна заштеда, германскиот добавувач Bosch кој ги испорачува повеќето компоненти за моторот на Nano, бил приморан да прилагоди стартер од мотор за мотоцикл и воедно да отстрани 700 од 1.000 можни функции на електронската контролна едниница ECU која е дизајнирана за моторите за европските производители.

И за крај најважното. Каде лежи зајакот во најавената цена од 2.500 долари за нов автомобил.

Наведената цена од 2.500 долари е сума по која што дилерите го добиваат автомобилот од Tata. Значи купувачите згора на оваа цена ќе мораат да ја платат и предвидената дилерска маржа, плус законски предвидениот данок на додадена вредност кој во Индија изнесува 12,5 проценти.

Ете толку од автомобил за 2.500 долари.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook