Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Приказната зад Vanderbrink GTO
22.10.2007
vandenbrink-gtoМинатата седмица холандската работилница за каросерии Vanderbrink Design го прeтстави својот нов автомобил Vanderbrink GTO изработен на основата на Ferrari 599.

GTO треба да влезе во сериско производство следната година со лимитирана серија од само пет примероци. Автомобилот е дизајниран за да му се даде почит на оригиналниот Ferrari 250 GTO од 1962.

Автомобилот стартува со 650 КС и вртежен момент од 630 Nm извлечени од 6.3 литарскиот V12, а врвниот модел оди до 750 КС и вртежен момент од 680 Nm што го става рамо до рамо со Ferrari FXX.

Цената за модификација на веќе купениот Ferrari 599 кој е донатор на основата изнесува 993.000 евра плус данок. Односно вкупно околу 1,5 милиони евра.

Изработката на каросеријата му е препуштена на холанѓанецот Алвин Хитбринк, експерт за моделирање на алуминиум, кој рачно го изработува секој панел од каросеријата со користење на традиционални техники.

Но, ова веќе се знае.

Многу поинтересно е сознанието дека овој проект не враќа во деновите кога индивидуалец можеше да направи автомобил од соништата онака како што тој го замислил во глава.

Затоа Vnaderbrink се задржува на оригиналните техники за време на изработка на моделот од рачно скицирање на дизајнот, до рачно моделирање со помош на чекан на алуминиумските панели од кои е направен автомобилот.

Раководител на проектот е основачот на Vanderbrink Design, Мајкл ван ден Бринк кој неодамна на момчињата од Autoblog.nl им даде неколку важни информации за историјата на автомобилот и за процесот на создавање.

Во раните фази на проектот, дизајнерите ги анализирале линиите на оригиналниот 250 GTO како што е неговата долга хауба, кусиот заден превис и профилот.

Важно за проектот нагласува Ван ден Бринк е да остане недопрена основната структура на донаторот на основата 599. Во спортивно кастомизираниот автомобил би требало одново да ги мине тестовите за безбедност и да добите одобрение.

Ова всушност бил и најголемиот проблем за дизајнерите кои морале да го добијат посакуваниот облик со користење на постоечкиот скелет на 599.

Но, ова е само дел од проблемите со кои се сретнале создавачите на Vanderbrink GTO. Целата приказна може да се прочита тука.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook