|
13.11.2007 |
Годишната манифестација награда за L’Automobile
piu Bella del Mondo или Најубавиот автомобил на светот можеби не е светски
позната, но настанот се одржува веќе 15 години по ред.
И што е поважно на манифетацијата и годинава не
недостасуваше мноштво од прекрасен метал обликуван во форма на автомобили.
Победниците односно најубавите автомобили на светот беа
прогласени по стручната оценка на жирито составено од уметници, архитекти,
дизајнери, критичари и историчари на уметност.
Ѕвезда на настанот беше Lamborghini
Reventon восхитувачкиот супер автомобил и победник во категоријата на автомобили од
специјална серија. Останатите победници се многу подостапни автомобили од
сериско производство.
Едни од нив се Fiat 500 и Fiat
Bravo кои победија во категоријата на градски автомобил и компакт. Mercedes
класа С ја доби наградата за најубава лумизина, а Lexus LS600h беше
избран за најубав луксузен автомобил.
Audi A5 ja освои наградата за најубаво купе,
додека Opel GT за најубав кабриолет. Aston Martin DBS беше
избран за најубав спортски автомобил, а Citroen C4
Picasso за најубав MPV.
|