Девет компании учествуваат во програмата на General
Motors за нулта емисија на издувни гасови која ќе се одвива во Берлин и за чие исполнување ќе
употребуваат возила со горивни ќелии.
Идејата за чист град што ја спроведува GM, во Берлин поаѓа од желбата за одржување на мобилноста
низ целиот свет со нулта емисија на издувни гасови.
Тест програмата за возила со горивни ќелии му беше
претставена и на германскиот Министер за транспорт, градежништво и урбанистички
работи, Волфганг Тифенсе, кој верува дека на овој начин Берлин е на добар пат да
стане најчист град во Европа.
Девет компании ќе ги корситат возилата на GM/Opel HydroGen4 на
територијата на Берлин при вршењето на секојдневните задачи. Станува збор за
компаниите: ADAC, Allianz, Coca Cola, Hilton, Linde, Schnidler,
Axel Springer, Total и Veolia.
Овој тест на возилата на GM/Opel HydroGen4
погонети со горивни ќелии кои како гориво користат водород се спроведува
под капата на Партнерството за чиста енергија или Clean Energy
Partnership CEP, а е финансиран од германското Министерство за за
транспорт, градежништво и урбанистички работи и ја демонстрира погодноста на водородот
како гориво кое може да се употребува во секојдневието.
Употребата на HydroGen4 возилата е
составен дел од светската стратегија на GM за
користење на напредна технологија и насочување кон електрификација на возилата.
Во таа насока HydroGen4 возилата
претствуваат врв на повеќе од 10 години работа и развој на водородната технологија
на горивни ќелии кои условиле подобрувања на погонот во сите насоки, а посебно
во областа на погодностите за секојдневно користење како што се подобрите
перформанси и издржливоста на возилата.
Глобално GM веќе користи повеќе од 100 возила HydroGen4 како дел
од својата тест програма која се одвива во САД, Јапонија, Јужна Кореа, Кина, а
од сега и во Германија.
Само во САД повеќе од 100.000 луѓе, обични возачи, се пријавиле да ги
тестираат возилата HydroGen4. Дури 3.400, од кои 30 семејства, ги корсителе за секојдневен
превоз во текот на 2 до 3 месеци.
Возилата вкупно поминале преку 700.000 km без
поголеми проблеми освен редовното одржување, што им дава на инженерите на GM важни
податоци во која насока да го продолжат развојот, како и увид во искуствата што
идните корисници ќе ги имаат зад волан.
Возилата поседуваат систем за безжичен пренос на податоци кои
веднаш се испраќаат до серверот на компанијата од каде инженерите имаа увид во
работата на секое од нив.
Сервисот на возилата се одвива во сервиси на GM, а во
случајот на Берлин, Opel, кои имаат оспособен кадар и соодветни алати за нивно
одржување.
Блокот горивни ќелии што ги задвижува возилата HydroGen4 се состои
од 440 единечни горивни ќелии во кои се мешаат водородот и кислородот од атмосферскиот
воздух создавајќи електрична струја и водена пареа како единствен нус-производ
од оваа реакција. Ова значи дека нема согорување ниту емисија на СО2.
Електричната енергија произведена од блокот горивни ќелии
е доволна за да го задвижува електромоторот со моќност од 73 kW. Тие пак се доволни за
да се постигне забрзување до 100 km/h за околу 12
секунди и максимална брзина од 160 km/h.
Дополнително HydroGen4 е опремен со
акумулатор од 1.8 kWh кој складира енергија добиена од регенеративниот систем
за сопирање на возилото која потоа се користи за да ги надополни најголемите
електрични оптоварувања кај возилото.
Водородот е складиран во три резервоари направени од
композитни материјали и графитни влакна. Секој од нив може да се наполни со 4,2
kg водород под приотисок од 700 бари. Капацитетот на резервоарите е доволен за да се покрие растојание од
320 km.
HydroGen4 може да се стартува и да се вози на температури под 0
степени целзиусови што претставува значителен напредок во однос на претходните
генерации и укажува на можноста за редовна секојдневна употреба без оглед на
приликите.
|