|
Еден уникатен примерок на Rolls Royce кој датира од почетокот на 20-от век и зад себе пишува историја долга точно 100 години се појави Индија откако сопственците одлучиле да го реставрираат.

Станува збор за моделот Rolls Royce Silver Ghost изработен во еден единствен примерок за неговото височество махараџата Низам VI и за време на своето 100 годишно постоење заради својата уникатност освоил бројни награди.
Меѓу нив се вбројуваат и престижните награди како „Best of Show the Concours de Elegance Prize” и наградата „Best of Class Prize” и двете наменети за класични автомобили. Меѓутоа со текот на годините автомобилот паднал во заборав.
Ова траело се додека на еден од управителите на областите со кои некогаш управувал Низам VI, Аменудин Хан, успеал да ги убеди властите во Индија да вложат пари во негова реставрација.
Интересно реставрирањето е доделено на тамошни специјалисти кои одлично си ја завршиле работата, па така сега овој уникатен Rolls Royce Silver Ghost стои гордо изложен во дворецот Чоумхала, резиденција на владетелите од династијата Низам во поранешното индиско кнежество Хајдарбад.
Според независни експерти кои имале прилика детално да го разгледаат автомобилот и начинот на реставрацијата се наведува дека тој на аукција би можел да достгине вредност од 4,5 милиони долари.
|