Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Првиот Fisker за Леонардо ди Каприо
13.07.2011

Fisker својот прв сериски произведен примерок од купето со четири врати Karma ќе го испорача на филмската ѕвезда Леонардо ди Каприо со што официјално го најавува стартот на продажбата.

fisker-karma-1-2011-1

Компанијата веќе има на својот список 3.000 порачани примероци, а меѓу познатите купувачи се големици како поранешниот потпретседател на САД, Ал Гор и генералот Колин Пауел.

Производството на Fisker Karma се одвива во погоните на финскиот производител Valmet каде во моментот седмично се произведуваат по 5 примероци. Меѓутоа со олкав голем број на нарачки производството ќе се смени.

Планот на Fisker и на Valmet е проширување на погоните и производство на 300 примероци седмично со што би се избегнал долгиот период на чекање бидејќи во моментот Fisker Karma е распродаден до почетокот на следната година.

Ова говори за популарноста на моделот кој изоде трнлив пат од концепт до готов производ и стартува со цена од 100.000 долари во сегментот каде ловориките ги собира Mercedes со CLS.

Но, Fisker Karma вози со два електромотори, а бензинецот од 2.0 литри со турбо натполнење и 260 КС служи само како генератор за полнење на бетериите кои целосниот капацитет го достигнуваат приклучени на електрична мрежа.

Како и да е големиот успех уште на почетокот на продажбата го наведоа Fisker да го реализира и својот помал електромобил Nina кој ќе атакува на седаните од средна клaса како Mercedes C Класа и ќе стартува со цена од 50.000 долари.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook