Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
PSA ќе прави луксузни дизел-хибриди
21.02.2008
peugeot-308-hdi-hybrid-conc.jpgЕвропската комисија не и дозволува на француската влада да го субвенционира PSA за развој на дизел-хибриди за големо сериско производство поради што PSA ја менува политиката.

Наместо дизел-хибриди за мали и средни автомобили групацијата Peugeot Citroen одлучи развојот да го насочи кон сегментот на луксузни лимузини.

Ова е спротивно на идејата на јапонските производители Toyota и Honda кои со своите Prius и Insight фокусот го насочуваат кон автомобили кои се подостапни до широк круг на купувачи. Идејата на PSA да се насочат кон луксузниот сегмент не е без основа.

Малечките автомобили со своите дизели и онака се прилично економични, додека луксузните модели сеуште зависат од моќни мотори за обезбедување на високи перформанси што со себе ја повлекуваат и големата потрошувачка. Токму кај нив еден дизел-хибрид има смисол. Секако ваквото преориентирање значи одложување на отпочнувањето на производството на автомобил дизел-хибрид.

PSA соработуваше со компаниите за развој на автомобилска технологија Continental и Bosch, на развој на дизел-хибрид кој требаше да заживее во актуелниот Peugeot 308 во 2010. PSA дури изработи и концепт на основа на 308 со оваа технологија за да покаже колку е сериозна во своите намери. Но сега, тоа нема да се случи. Штета.

Работата е во тоа што проектот беше наголемо поддржуван од француската влада преку нејзината Агенција за индустриски иновации, која требаше на PSA да му помогне со инекција од 101 милиони евра, но Европската комисија ја забрани оваа субвенција поради загриженоста за конкурентноста на пазарот.

Заедно со субвенцијата на француските власти целиот проект бил вреден околу 527 милиони евра. Блокадата на Европската комисија трае веќе 18 месеци и проектот за сето ова време тапка во место. Затоа во PSA одлучија самостојно да го продолжат развојот на платформа за дизел-хибрид без помош од своите власти која би требало да се појави на пазарот во 2011.

Ваквиот развој на настаните во иднина на потенцијалните купувачи ќе им овозможи да бираат од голема разноликост на понудата на автомобили пријатели на животната средина во луксусзниот сегмент. Се очекува голем дел од клиентите да се свртат токму кон PSA бидејќи еден дизел-хибрид сигруно ќе биде поекономичен отколку бензинскиот противник.

Секако во време кога се најавува инвазија од хибриди олку долго одложување нема да му помогне на PSA брзо да се етаблира на пазарот како производител на хибриди, сепак експерите во компанијата очекуваат дека нивната единствената технологија на крај ќе превладее.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook