Претседателот на владата на Русија, Владимир Путин,
минатиот викенд пред група на избрани новинари и фоторепортери го претстави
своето ново милениче на четири тркала.
Станува збор за хардкор теренецот Lada
Niva, којшто тој го нарачал неодамна и како што истакнал „главно ќе го користи
за да оди на риболов”.
Ова не значи дека Путин има намера да замине во пензија,
едноствно теренецот е тука за да му помогне да допре до непристапните терени
покрај руските реки и да ужива во своето омилено хоби.
Нарачаната Lada Niva ги има сите
додатоци потребни да се извади и од најлошите ситуации на терен. Воздухот го зема
преку цевка извлечена на кров т.н. Snorkel, има дополнителни
халогенски светла од Hella сместени на браникот напред кој ја сокрива и електричната
макара за извлекување.
Оваа Niva е обоена во маскирна боја има модерни заоблени странични
ретровизори, кровни шини, штитници на праговите од челични цевки, леснометални
бандажи обоени црно и обуени во теренски гуми на BF Goodrich.
Путин ја претставил својата Niva пред
резиденцијата во Сочи, потоа се повозил околу 300 метри, нагласувајќи дека
теренецот е сериска верзија на која се поставени наведените додатоци, кои пак, се
наоѓаат на списокот на дополнителна опрема.
Од новинарите што имале прилика да седнат зад волан на
путиновата Niva истакнале дека теренецот е многу подинамичен од
досегашните верзии. На дадените забелешки Путин одговорил дека ова е нова
модернизирана верзија на Lada Niva која ќе се појави на пазарот наскоро.
Интересно е што Путин бил толку горд на својот теренец
што се јадосувал зошто тој не пристигнал ден порано за да може со него да го
провози италијанскиот премиер Силвио Берлускони кој бил на посета.
Путин не заборавил да истакне пред новинарите дека Niva се продава
безмалку низ цел свет и дека е најизвезуваниот автомобил на групата AvtoVAZ.
|