Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Релито раѓа вистински херои
17.11.2008
reli-heroi-1.jpgЗа да се заслужи титулата вистински херој на релито не е потребно само да се биде најбрз на брзинскиот испит и прв да се минe низ целта туку треба да се жртвуваш во името на победата.

Историјата на релито познава многу моменти кога екипажите финиширале со безмалку уништен автомобил кому му недостасуваат предно стакло, врата, капак од багажник, хауба, крила, па дури и тркало.

Тие ја носат магијата на вистинските херои на релито и токму поради нив овој автомобилски спорт ја ужива големата популарност.

Учесниците и гледачите на релито Де Серан од францускиот шампионат беа сведоци на невообичаен настан кога екипажот на Renault Мegane, чиви имиња не се спомнуваат, напрви херојски подвиг.

Автомобилот пред крајот на еден брзински испит јавува некаков технички проблем и застанува. Возачот и совозачот ја креваат хаубата и констатираат дека е скината сајлата од педалот за гас.

Единствениот начин да го продолжат релито е некој рачно да додава гас притискајќи на лостот поставен директно на моторот. Без двоумење тие ги менуваат улогите. Возачот легнува под хауба и додава гас, додека совозачот седнува зад волан и го дотерува автомобилот до целта.

Сепак, сето ова е подобро да се види отколку да се опишува со зборови затоа кликнете тука за да го проследите видеото.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook