Во едно од своите последни обраќања шефот на Renault, Карлос
Гон ги откри дека компанијата ќе стартува со производство на електрични
автомобили во Израел во 2012.
Renault веќе покажа колку е посветен кон производство на еколошки
подобни автомобили преку своите проекти наречени eco2, како што
е eco2 Megane прикажан на фотографијата. Оваа најава покажува дека Renault ќе направи
голем исчекор напред бидејќи до сега има откриено само неколку скромни планови.
Договорот да се произведуваат автомобили во Израел сеуште
е само обична најава и во Renault одбиваат да зборуваат за евентуалните детали. Договорот
меѓу Renault и Agasi, фирма која стартуваше со својот Shai Agassi
Project Better Place кој опфаѓа изградба на електрични
станици каде електричните автомобили во иднина ќе имаат лесен пристап до
енергијата потребна за движење, сеуште е во некаква почетна фаза. Неговото
потпишување се очекува дури во втората половина на 2008.
Проектот Better Place на Agassi се базира
на премисата дека изворот на енергија добиен од водород или од биодизел набрзо
ќе се смета за застарен исто како што сега се мисли за хафтените деривати.
Токму затоа Agassi се стреми кон имплементирање на достапноста на
електричната енергија која според нив е ќе биде главниот двигател на иднината.
Односно дека електричните автомобили полека, но сигурно ќе ги истиснат сите
други.
Токму затоа Renault сака да ги здружи
своите сили со проектот Better Place, бидејќи се надева дека тоа ќе му
помогне полесно да ги развие своите електрични превозници на иднината. Колку
побрзо компанијата ќе стартува со производство и со продажба на електрични
автомобили, толку побрзо Agassi ќе има ефект од изградбата на електричните станици.
Иако официјален документ за синергијата меѓу овие две
компании не постои нивните потреби наложуваат што побрзо здружување на силите
за освојување на пазарот.
|