Алијансата Renault – Nissan и
компанијата Greentomatocars ќе ја придвижуваат идната флота на такси возила
во Лондон кои ќе имаат нулта емисија на штетни издувни гасови.
Иницијативата на Greentomatocars и на Renault
– Nissan треба да ја доведе електричната мобилност на глобалниот пазар, а возењето
низ улиците на Лондон со 100% електричен погон ќе и овоможи на пошироката
јавност да осознае што повеќе за технологиите кои произведуваат нулта емисија
на штетни гасови.
Двете страни потпишаа договор за поттикнување на
употребата на електрични возила и развивање на инфраструктурата потребна за
полнење на нивните батерии.
Greentomatocars е компанија со седиште во Лондон и
исклучиво нуди услуги на наем на возила кои се еколошки подобни. На тој начин Greentomatocars се
етаблира како компанија која користи најеколошки возила на светот. Во нивната
флота се наоѓаат претежно хибридни возила, но оваа иницијатива ќе се смени во
прилог на новите електромобили на Renault и Nissan.
Алијансата Renault – Nissan со своите
проекти во Израел, Данска, Монако, во САД државите Орегон и Tенеси и во
Јапонија превзема иницијатива да стане водечка во светот во производство на
автомобили со нулта емисија на штетни гасови.
Воспоставувањето на партнерски односи со комапните
добавувачи на електрична енергија како француската EDF и
швајцарската EOS ќе помогне во создавањето на широка мрежа од електрични
станици потребни за да се поткрепат електромобилите во иднина.
|