Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Роан Аткинсон повторно искрши McLaren
09.08.2011

Популарниот британски комичар Роан Аткинсон кого го препознаваме најмногу по улогата на „Мистер Бин” втор пат успева да искрши една автомобилска легенда каква што е суперавтомобилот McLaren F1.

rowan-atkinson-sudar-1-2011-1

Иако на телевизиските екрани се вози во старо Mini, во реалниот живот тој е изгорен автомобилски фан опиен од мирисот на бензин и поседува низа на суперспортски автомобили меѓу кои и легендарниот McLaren F1.

Всушност Аткинсон поседува неколку примероци од величествениот McLaren F1, кој сеуште е најбрзиот сериски произведуван автомобил на светот кого го задвижува атмосферски бензински мотор.

Несреќата се случила на мокар пат кога 56 годишниот Аткинсон ја загубил контролата над автомобилот, се свртел неколу пати и се забил во сообраќаен знак сопирајќи во тревата крај патот.

Од силината на ударот автомобилот се запалил, но благодарение на брзата интервенција на пожарникарските екипи оганот бил изгасен, додека на Аткинсо не му фалело ниту влакно од глава.

Ова не е прв судар на Аткинсон зад волан на McLaren F1. Првиот се случи во 1999 година кога заради преголема брзина не успеал да сопре на време и зе забил во задникот на еден стар Mini каков што вози во шоуто „Мистер Бин”.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook