|
По превземањето на Saab од Spyker работите за шведскиот производител почнаа да се движат по нагорна линија, а меѓу позитивните продобивки се вбројува и градењето нова фабрика во Русија.

Новата фабрика на Saab треба да биде сместена во Калининград и ќе има производствен капацитет од 10.000 автомобили годишно. Потврда за овој потфат доаѓа од рускиот банкар и поранешен акционер во Spyker, Владимир Антонов.
Тој во интервју за Moscow Times изјавил: „Подготвуваме изградба на производствени погони на Saab во Русија. Моморандумот за соработка кој се однесува на градење на фабрика на Saab во Русија ќе биде потпишан во текот на месец април кога ќе бидат прецизирани деталите од договорот.”
Сопственикот и извршен директор на компанијата Spyker Cars N.V. под која спаѓаат Spyker и Saab, Виктор Мјулер сеуште не ја потврдил изјавата на Владимир Антонов, но со оглед на меѓусебните бизнис врски градењето фабрика на Saab во Русија е и повеќе од извесно.
Посебно ако се знае дека Калининград е прогласен за слободна економска зона во Русија поради што царинските и даночните олеснувања се големи и тука веќе постојат фабрики на други големи компании.
Владимир Антонов кој до неодамна поседуваше акции во Spyker Cars N.V. сега е само финансиски советник. Причината зошто гo продаде своjoт дел од акциите во компанијата лежи во барањето на General Motors кое беше наложено како услов додека траеа преговорите при продажбата на Saab.
|